За Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил

Златно Тркало е нов уникатен начин да го најдеме најпосакуваниот автомобил кај нас – на гласање се ставени финалистите пред ВАС, сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да формираат резултати според кои ќе се види интересот на реалните љубители и купувачи на автомобили.

Изборот е оформен на иницијатива на Авто Плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат Авто ПлусCARclub.mkCars by Vik и RPM.mk.

Секоја година ќе ги одбираме најпосакуваните автомобили во неколку различни категории:

  • Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2020 година,
  • Најпосакуван Бизнис Автомобил во Македонија за 2020 година,
  • Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија за 2020 година,
  • Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2020 година и
  • Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија за 2020 година(возила со дополнителен електричен мотор и можност за движење само на струја).

Доколку во годината се појават други карактеристични модели(спортски, перформансни, луксузни итн), најмалку 3(три) од иста категорија, ќе се оформи дополнителна категорија за таа година.

Гласајте и вие!