Организатори

Во функција на организатори на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил, како и презентери на автомобилите кои учествуваат, се неколку дигитални автомобилски медиуми од Македонија.

Платформата на која работиме ни дозволува да ги презентираме автомобилите преку неколку различни канали, како и преку различните социјални мрежи – а со тоа да имаме голема и разновидна публика.

Организатори на Златно Тркало се:

Авто Плус

Авто Плус е најстариот автомобилски медиум во Македонија и постои од 1993-тата година. Постои во формат на списание, веб портал, емисија и секако присутен на социјалните мрежи.

Историјата го памети како иницијатор за создавање на саемот на автомобили АУТОЕКСПО во Скопје, основоположник на Жирито за Автомобил на Годината, а во поново време како промотор на електромобилноста кај нас, организатор на бројни настани меѓу кои од лани и на Авто Плус Стрит Шоу кое се одржа на улицата Илинденска во Скопје и за прв пат по многу години ги собра сите автомобилски импортери на едно место.

Горд партнер на најстарата европска авто ревија Quattroruote (од 1956) од Италија.

Повеќе: https://www.avtoplus.mk | Facebook | Instagram | YouTube

CARclub.mk

CARclub.mk постои од 2010 и во моментов е еден од најпосетуваните автомобилски медиуми во Македонија. CARclub е единствен автомобилски медиум со активна заедница, но има и присуство на скоро сите социјални мрежи.

Повеќе: https://www.carclub.mk | Facebook | Instagram | YouTube

Cars by Vik

Cars by Vik е наменет за сите ентузијасти, да споредат, дадат мислење или едноставно да добијат информации за сите видови возила кои ни се достапни во Македонија.

Повеќе: http://www.carsbyvik.mk/ | Facebook | Instagram

RPM.mk

Rpm.mk е единствениот автомобилски медиум во Македонија кој работи и објавува корисни и интересни видеа исклучиво на Youtube. Таму ќе најдете речиси сè за автомобилите – тестови, новитети, совети, трки, интервјуа, авто-настани и олдтајмери.

Повеќе: Facebook | Instagram | YouTube

Гласајте и вие!