Финалисти » Главна Награда

Претходна Категорија

Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Автомобил за 2020.

Range Rover Evoque

Evoque е вистински Range Rover по секоја можна „математика“. Модерен, луксузен, рафиниран и исклучително мулти-талентиран. Не ја правете грешката да мислите дека Range Rover не е доволно добар, само затоа што е помал од своите големи браќа.

Прочитајте повеќе:    Авто+ | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

SEAT Tarraco

Новиот Tarraco е именуван по градот Тарагона во Шпанија, а ова произлезе одкако Seat побара од своите фанови да изберат име за нивниот последен модел. Како мешавина на функционалност и врвен дизајн, спортски изглед и удобеност, пристапност и квалитет, овој нов модел доаѓа во форма која одговара на поширок спектар на животни стилови.

Прочитајте повеќе:    Авто+ | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Škoda Scala

Со Scala, Škoda влегува во високо-компетитивен сегмент каде ќе треба да се соочи со докажани ривали кои имаат лојални купувачи. Дали Scala го има потребното за да го пронајде своето место на пазарот?

Прочитајте повеќе:    Авто+ | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Volkswagen Golf VIII

Осмата генерација на еден од најпопуларните автомобили во историјата продолжува да ги поставува стандардите – новиот дизајн, новите технологии и новиот пристап кон нештата ветуваат дека Golf ќе остане на тронот во својот сегмент.

Прочитајте повеќе:    Авто+ | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk